мисија ж.

мисија (ж.)

85. Мисијата на Бугарија е прекрасна, само, за жал, ние тука во Петроград сме далеку од Бугарија, та русофобското семе не може да ни западне длабоко во душата и да даде арни плодови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој мора да е од оние младичи што сосем сериозно веруваат во својата историска мисија и кои мислат дека зад секое нивно револуционерно поткашлување не стои никој друг туку Таа - Историјата со голема буква.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
САД за четирипати го зголемија персоналот на американската воена мисија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наспроти него и наспроти сопствените младешки восхити, Гете на уметноста ѝ ја намени мисијата не да се расцутува над таа зависност туку да ја трансцендира.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова станува главна мисија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Останувајќи верни на нивната мисија да најдат научни објаснувања во рамките на структуралните механизми, тие го опишуваат јазикот како создавање на усогласени однесувања на две суштества кои се структурално споени, т.е. однесувањето на едното го поттикнува однесувањето на другото во рекурзивен модел што двете ги одржува во стабилно меѓусебно влијание.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Следејќи го својот маж на повеќе дипломатски мисии, таа по неколку години живее во Копенхаген и Токио, сѐ до преселувањето во Брисел 1936 година, кога нејзиниот маж е наименуван за амбасадор во Белгија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа технолошка авантура беше лична мисија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ваквите очајници не се спремни за големи игри, често пати нивната кариера завршува во морето на криминалот каде најчесто слугуваат како третокласни робови токму на оние идеи против кои во стартот на нивната мисија толку жестоко се бореле...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кандински ја почитуваше апстракцијата како духовна мисија и неговите понирања во неа се развиваа на различни начини; вклучија теософија, трансцендентализам, поетика на возвишеното, совршенство на формата и почит кон материјалите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во моментот кога Хитлер ја прифаќа понудената мисија тој престанува да биде уметник и станува сопствен антипод.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Зелениот дијамант можеби бил некаков космички истражувац во некаква си мисија, можеби облик на свест кој се појавил како плод на еволуција кај минералите, можеби некаква организирана и свесна заедница на минерали...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Презедовте невозможна мисија да го лишите наро­дот од културните, уметничките и цивилизациските вредности кои ги пластеше религијата во текот на долговечното постоење и истрајба – продолжив самоуверено.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вака нас нѐ оставија сами во историската мисија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дојден сум овде да поздравам еден пријател. Во својата дипломатска мисија во Франција тој стана мој пријател.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ве очекува нова мисија!“
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, понекогаш смртта си иде како природен крај на еден голем и страдален живот чија мисија се преточува во друг живот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имаше во тие тешки сталински денови, кога со интелектуалците лесно можеше да се пресмета штотуку создадената работничка класа со неуките, ограничени секретари на чело, една тивка, ненаметлива, но сеприсутна солидарност од сите страни со Игора Лозински, со неговото дело и со мисијата на Цветана Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сѐ до средината на 1943 година, британските воени мисии пристигнувале во штабовите и во единиците на четничкото движење.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Своите импресии од Февруарскиот поход, шефот на британската воена мисија Brasenose Доналд Мекдоналд, ги изнел во својот извештај до својот штаб во Каиро.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Повеќе