миса (ж.)
Неделата, кога излеговме од миса, нѐ придружи густ и мрачен ветер а потоа се нафрли дожд.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Пред главниот олтар таа вечер се одржуваше мисата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа беше првата јавна миса по забраната во 1967 година.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мисата ја водеше Дон Симон Јубани, кој беше минал 26 години од животот во затвор.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Знаеме само дека надбискупот ја напушти салата и дека следниот ден во некои цркви приредбата ја прогласиле за црна миса, и исто така знаеме дека салата ја напуштил министерот за надворешни работи Зоран Талер. Католик и либерал.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На 4 ноември 1990 година Централата го извести новиот Водач дека на влезот на католичките гробишта во Скадар била организирана миса.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Вчера вечер со појавата на првите ѕвезди заврши Шабат, а сега на претпладневното сонце се огласува камбанаријата со весели звуци означувајќи го крајот на неделната миса.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Одењето во црква на миса и на молитва може да биде желба и истата, еден ден под влијание на волјата, да престане, (во таков случај, си го обрал бостанот зелен), но ако е нужна потреба, тогаш тоа може да ефектуира со позитивни резултати затоа што врз нужната потреба волјата не може да влијае, па колку и да е цврста.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Летото пристигна без посебни најави во првите недели на јуни и требаше да се преземат итни мерки, зашто за време на мисата, задушувајќи се од топлина, болните жени почнаа да ги соблекуваат своите зимски облеки од етамин.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Секоја недела одеа на миса. Го слушаа хорот, качени на галеријата, ги впиваа проповедите и убавата енергија што владееше помеѓу верниците.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)