меѓуетнички прид.

меѓуетнички (прид.)

Веќе три години веруваше дека успеал да ја најде вистинската формула за соживот, дека успеал да научи што значи меѓуетничка толеранција, а богами да ги научи и другите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се фатија рака под рака со овие другиве да градат релаксирани меѓуетнички односи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таму веруваа дека нема друго решение освен меѓуетнички судир, кој ги стави во целосна изолација од меѓународната заедница.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За разлика од бомбата наменета за гимназијалците, во меѓуетничкиот конфликт на почетокот од милениумот, оваа бомба не остави последици од типот на починат просјак (кој скапо го плати пребарувањето по училишниот контејнер) и осакатена продавачка (која малку поевтино ја плати близината на пренхранбената продавница до училиштето).
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сегашна состојба на безизлез, намерно испровоцирани тензии, дебати на телевизија, од таканаречени и самонаречени експерти, вести со константи за меѓуетнички тензии, кои бескрајно личат на орвеловски препис и многубројни copyright верзии.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Овде, во најголема мера ќе владее религиската и меѓуетничката толеранција, а ќе бидат поттикнувани и слободните филозофски расправи, изградбата на библиотеки, факултети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)