меѓудржавен (прид.)
Потем додаваше: „Песната, односно стиховите, се и ќе бидат најмноќното средство за решавање на меѓусоседските завидливости и кавги, меѓунационалните и верски столбновенија, та дури и на меѓудржавните судири и војни.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во рацете на Нуне, на пергаментен свиток, двојазично беше запишано: „На блескавиот ум, поетска проникливост, научна аналитичност и храброст во верувањето и докажувањето на „Пакс-верс теоријата“ за мирољубивото решавање на маалските ненавидности и кавги, меѓународните омрази, меѓудржавните судири и војни, му се доделуваат ордените на Волкашин Нунески, поетото и изумителот од с.Варош, околија прилепска, во земјата македонска.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Самиот јавен чин, во суштина хуманистички, враќање на деца кај своите родители, малку фалеше да се претвори во меѓудржавен инцидент.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Меѓудржавните граници не се само средиште на националниот идентитет, туку и на меѓународниот систем (политички и економски) и на глобалниот режим за мобилност.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)