меѓуградски прид.

меѓуградски (прид.)

Режисерот те пронајде во туѓа земја, во меѓуградскиот авион, кога најмалку се надеваше.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Автобусите доаѓаат на пероните без часовници, се паркираат, шоферите цевчат „скопско“, па си заминуваат, патниците се туркаат пред и во автобусите, порануваат, задоцнуваат, а никому не му е гајле што единствениот јавен часовник на единствената меѓуградска автобуска во Скопје некогаш, некое утро, запрел на 8 и 23.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Рада и Ивона држејќи се рака под рака, одејќи нога пред нога, стасаа на меѓуградската автобуска станица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
До гледање! Сметкиве за меѓуградски разговори се оган!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)