маја (ж.)

На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Одвај дочекав да биде 18 часот попладне. Ги облеков најизвалканите и најнеугледните пантолони што ги имам и најизбледената маичка што ја пронајдов во плакарот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Носеше црна кожна јакна преку маичка со црвено-црни дијагонали.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Имам фустани и мини здолништа, ама што вреди кога немам идеални нозе за да ги носам. А, блузите! Џемперите! Маичките! Вистински бедни парталчиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бев среќна што ќе бидам единствената што има таква маичка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Притоа, постојано устата му беше полна со маја Рајна, мајо сердце!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Поголемите по гаќи и маички. А најголемите само по гаќи, инаку не те сметаат за маж.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Долу, под балконот, летувачите веќе се врвчеа - кој со торба, кој со душек, кој со гума, кој со чадор, кој со топка - сите по шорцеви, со апостолки меѓу прстите на нозете и снежни шапки на главите, жените носеа шарени блузи без ракави, а мажите еднобојни маички со тесни прерамки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сината маичка си ја имаше изгубено првичната боја и повеќе личеше на апстрактно платно со огромни модри дамки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја гледав мајката на моите идни деца, не кажа ништо-дишеше Маја, крај мене; Модрите погледи ти вриштеа под капаците затворени и мала солза ти капеше по лицето- семка која в грло ми садеше тишина.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Очите ми се две влажни модринки на лицето, твоите ириси модри сливи; Палиш темјан, нане и босилек, и без мирисот што куди знам- ти си ми злиот дух; Сонував како ми се откорнаа трепките и се створија врски како долго кораво влакно, јамка на вратот; Се гушев Маја, таму во сонот ми;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Целата се шаренеев по просторијата од ламбадестото здолниште, кое не суптилно ме оцртуваше во задниот дел, и топло портокаловата тесна маичка која ги истакнуваше голите црни раменици под мојата коса.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се облекува како матурант, во тесни фармерки, маички што ги покажуваат неговите „плочки“, лепи тетоважа за една употреба, вози велосипед и пие пиво со лимон.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На ливада шарена една баба Марта немо си седна дечиња се збираат принцеза ќе бираат. Се појави пчеличката Маја...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)