машински прид.
машински прил.

машински (прид.)

Тутунскиот труст од самото свое основање ги вложуваше сите усилби кон тоа во широки размери да го замени насекаде рачниот труд со машински.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
„Копирањето“ на основната машинска инструкција во процесорот се состои во суптилно реорганизирање на неговите електронски кола што доведува до промена на состојбата во која се наоѓа машината така да го одразува значењето на инструкцијата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И покрај машинската прецизност, операцијата имаше извесна доза на неформалност: речиси никој не носеше капа, полковници и мајори застануваа да си помуабетат со санитарците.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Односот помеѓу компјутерскиот хардвер и машинскиот код со „инструкциите” во неговата меморија е од типот опишан во компјутерските науки како врска помеѓу еден интерпретер и неговиот програм.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Програмот за машинска визија не е сѐ- или- ништо процес.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Авторот тука предупредува на големата комплексност на човековите вештини поврзани со сетилното осознавање и просторната ориентација, кои што зад себе имаат долг развоен пат и недвојбено е потешко машински да се симулираат како некои рационални операции, кои што, така вели Moravec, течат и во оние делови на мозокот, кои што не се посебно високо организирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Машинските додатоци затоа му носат нов квалитет во смисла на способност на раширена перцепција.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Големото оро, она што доаѓа само од себе, она што не го создаваат мислите, ами проникнува од конците на желбите, и не само човекови, она што времето и просторот ги фрла многу далеку, тоа оро не е како обичното машинско тркало што се врти само околу својата оска.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Потоа овчото лице се стопи во фигурата на еден евразиски војник кој изгледаше како да напредува, огромен и страшен, со машинска пушка што рика, и изгледаше како да скока од површината на екранот, така што некои од луѓето во првиот ред навистина се тргнаа назад на своите седишта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со развојот на машинското производство, меѓутоа, ситуацијата се промени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што се однесува до проблемот на хиперпродукцијата, кој во нашето општество е латентен уште од развојот на машинската техника, тој е решен со изумувањето на постојаното војување ( види Глава III ), кое е исто така корисно и за одржување на моралот на населението на потребното ниво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Паробродот бил запален претходниот ден околу 11 часот претпладне, но граѓаните, сметајќи дека тоа било резултат на дефект на машинското одделение, не биле вознемирени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таа му била секретарка или кој знае што лајно таму во Охрид на директорот на некоја фабрика за машински делови. Ама знаеш каква џадија... И сега косата ми станува...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секретарка на директорот на фабриката за машински делови!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така околу шест години, сѐ до моментот кога повеќе, поради здобиената сериозна повреда при работа, не можеше да работи. 197 Имено, при изведба на малтерисувачки работи со Пуц машина за машинско малтерисување на објект во изградба,3 поради неисправност на истата таа машина, тој целосно го изгуби видот на десното око – поради изгореница, а изгуби и 80% од видот на левото око!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Семкари, машински инжинери, бравари и електричари станаа најголеми познавачи на архитектонски стилови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Шминкерот од Сталинова беше повеќе ценет од машински инженер.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Јас работев во фабриката Ренитрон, во близина на Нији. Бев добар машински техничар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Разглобените теми беа секогаш далеку од професијата машински инженер, која најмалку ја истакнуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Апсолвент сум на Машинскиот факултет во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе