маче (ср.)

А знаете што сакав да кажам? — Бугарине! Бугарине му викаат на маче коте!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: У, зулум голем, кој викал на маче коте?!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: Ама што ти треба тебе да расправаш дека Бугарите му викале на маче коте.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Детето се приближи до колибата со мачешки стапки, се заслуша во ноќта да не би да допира некаков шум и бргу да се изгуби во неа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
— Ајде де, шо се гледате како маче и куче!?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „Дури не ми беше стигната Нешка, ка си веле: Mope, маче шо е маче нека ми даде господ, само да е од мое срце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таман на среткуќа кај долното било, за голема радост на Доста, од пелената се слушна нешто како маче кога мјаука. „Мјау, вјау, a јаа,а,а," — се распозна детски глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Милка го стави своето блокче и го отвори листот на кој беше нацртано мачето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ПРИКАЗНА ЗА МАЛОТО МАЧЕ СО ДОЛГОТО МЕКО ОПАВЧЕ
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А учителката ќе го земе нејзиното блокче и ќе им го покажува на децата: - Еве, вака се црта маче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во левата рака држи маче, направено од црно кадифе, со црвена пеперуга на вратот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И имаш зајак и елен. А јас немам ништо. Дури ни маченце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Виде едно шарено маченце и си помисли: „Мачето да се претвори во кротко коњче и да ме однесе дома!“ Но мачето си остана - маче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Виде Димче Волшебникот една птица и си помисли: „Нека птицата се претвори во лута оса и нека го касне непослушното маче!“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Чувте ли? – и тропна со ногата топорејќи им се како на мачиња.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Толе ја навали главата на нејзиниот скут и само преде како маче кога му ја мазнат опашката и го прашаат „писо мацо — дреме ли попот".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По извесно време кога му окотија седум мачиња, го прошири кафезот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога пораснаа мачињата - и тие окотија други мачиња и така набргу целиот двор на Полин се исполни со мачки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ајде, веднаш тргај со мене, немој да го срамиш целиот мачешки род.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Па се дуеш, па се лутиш и сѐ ти е сиво, клоцаш маче, ти се чини тоа ти е криво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе