маркет (м.)
На ќор-сокакот на нашата „патека на љубовниците“- споредна уличка со напуштени фабрики - каде што јас го усовршив движењето на прстите со кое за миг се откопчува градникот; зад јоргованите во Паркот Маркет каде што прв пат ме допре преку фармерките и твоите пупки, набабрени под проѕирниот памук, ми се чинеа лилави како јоргованите; на балконот на новиот Театар Кларк каде што си ги избришав дланките од солта од пуканките и ги протнав меѓу твоите бутини, а ти прошепоти, „Се чувствувам како Дорис Деј да нѐ гледа,“ - и тука не го направивме.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На тој начин се избегнува создавањето интерен маркет, кој што би можел да овозможи во системот да влезе срање.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Секако дека најпрљаво и најефтино е кај Кинезите, а најквалитетно и најскупо у талијанските маркети.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Од скоро, на касите на големите маркети нема касиерки т.е. нема никој.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Беше крајот на декември: супер маркетот вриеше од купувачи, кои како во полусон се движеа меѓу гондолите, со извежбани движења посегнувајќи по предметите и ревносно полнејќи ги количките.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
На почетокот ова, колку-толку, беше ублажено и компензирано со давање на, во тоа време, популарните „бонови“ на работниците – со кои тие можеа да пазаруваат во локалните продавници и маркети на познати фирми од градот, со коишто директорот имаше личен, пријателски или деловен, однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кај нас евритинг модата брзо му минува, зашто еври деј нови работи излегуваат на фри маркет...“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
- Е па оди во Кур маркет - налутено му одговори продавачот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Сигурно замина во Кур маркет по поевтина кисела вода.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„О, бое! Не може така. Ова треба да личи на маркет.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Еден теоретичар дури ги споредува со луѓето кои стојат пред влезот на некој си супер маркет и усно или преку подадени флаери ги известува потрошувачите кон кои продукти треба да го насочат своето внимание.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Упорно ја следеше до првиот маркет. Сметаше дека тоа ќе биде вистинското место за почетна средба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И тогаш одите кај него на Апер Маркет и од петни жили стискаш да не одиш во тоалет, зашто тоалетот е тужибабата, мечтоубиецот...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)