маниризам м.

маниризам (м.)

Писмата* Келн-Скопје од 89 г., што се пред вас (драги („)маргиналци(“) и творјани), се наоѓаат тука од три причини: првата и апсолутно доминантна е онаа естетската; станува збор за една комплексна, измамнички автореференцијална и во крајна линија лирска во своите пајажинести структури, приказна, всушност Дијалог (воспоставување Разлики што искри Креација!) меѓу два прилично различни духа чиј што фантазмогориски набој се судира на тоа чудно поле на епистоларната проза; втората причина е обидот едновремено да се воспостави како разликата меѓу тоа “fin de siécle време” (кога медиски суптилно дозираниот но континуирано експандирачкиот фашизам на Милошевиќ и неговата клика од глупаци, слуги и разбојници, почнуваше да се прелева преку чашата и полека да ги разјадува и онака тенките шевови на „вештачката творба“) и ова време (на нов почеток, како во нов век, на некој начин, без доволно артикулирани репери и со многу неизвесност), така и сличноста, што можеби најмногу се согледува во таа потенцирана артифициелност, маниризам можеби, ескапизам дури, што, на некој начин, самата уметност и е, гледана од тој беден политикантски агол; третата причина (зошто токму овие „декадентни“ писма, кога и Вулкански и Станковски имаат дела многу „позаводливи“, „попримерени“ на овој сегашниов - „нововековен“ - контекст) се надоврзува на втората: кои сме и што сме со тој багаж што го имаме во главата?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од друга страна, маниризмот на Гринавеј овде не го споменуваме како нешто негативно: неговиот манир во голема мерка е негов сопствен изум, и така барем авторски е легитимен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа беше почеток на една нова стилска навика која го доби името маниризам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во своите (за книжевно-историското истражување на маниризмот) преломни истражувања (поглавјето за маниризам во Европската книжевност и латинскиот среден век, 1953.) Курциус предлага изразот маниризам да се одбере за сите „книжевни тенденции спротивставени на класиката, без оглед на тоа дали ѝ претходат на некоја класика, или ја следат или се временски синхрони“.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Зборот маниризам ја има и таа предност што, за разлика од „барок“, содржи минимум историски асоцијации.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се наоѓаме во најсјајното десетлетие на европскиот маниризам!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сѐ уште романтично се плаче над платонско- петраркистичката Идеја за апсолутна Љубов, но Идејата постепено се пресвртува: петраркистичкиот платонизам во маниризмот се претвора во пансексуалност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Рекапитулацијата на Тезауро се сместува во последните часови на тогашниот маниризам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Поезијата на Тасо создава премин од доцноренесансната книжевност кон првиот книжевен маниризам на тоа време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Маниризмот си игра токму тогаш кога душата му е смртно сериозна, а класичарот е сериозен и кога се подготвува за игра.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
(...) Овој екскурс кој нѐ доведе до „доживеаното средиште на маниризмот како соодветно за проблематиката на модерниот човек” беше неизбежен, бидејќи ни даде нови елементи за разликување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имаше видено како пушачите го прават тоа; но не знаеше зошто го правеа, можеби тоа беше само гест, еден од маниризмите, што беше структура на ритуалот на пушењето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)