маневрира несв.

маневрира (несв.)

Имаат простор за маневрирање, а ние нема како да се испречиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се смета дека палестинските водачи тогаш ќе ја направат историската грешка поставувајќи услови за нивното учество, односно на тој начин влегувајќи во играта на Хенри Кисинџер, кој маневрираше зад кулисите за да ги исклучи од историскиот процес едновремено и Организацијата за ослободување на Палестина, СССР и ООН, да ја заклучи Конференцијата во Женева за да се појде по политичкиот пат на решавање на судирот, чекор по чекор , што одеше во прилог на стратегиските интереси на САД во однос на мирот и заштитата на израелските интереси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можев само да маневрирам, да видам оти транспортерот само мене ме следи!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидов да маневрирам со одговорот: За мене дипломатијата беше вистинско искушение, мал универзитет со компаративна насока.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Особено е битно да не се лепите до апаратот зашто вратата, ако не ви е Бетменска, не ќе можете да ја отворите, а кога ќе го откриете тоа, позади вас ќе има веќе две аута што чекаат ред, па ќе мора и тие да се враќаат во „рикверц“, додека вие маневрирате вешто, напред-назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)