мамичка (ж.)
Но Зоки ли нема да се досети? И, тој сега вели: - Па јас не сум гостин, мамичке! Јас сум твојот Зоран!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Мамо, мамичке! - ѝ се стрча Бреза, - колку долго те чекаме!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Мамо, мамичке, најмила мајчичке на светов, - се фрли врз неа, почнав да ја гушкам и бакнувам, дури ја соборив на креветот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Осип Сечковски кашлаше и викаше низ солзи: „Онисифоре, зошто го стори тоа, мамичката твоја?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ЉУБА: Драга моја мамичке! Ти си зачудувачка неделикатна жена.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Гледам јас, дека ти целата оваа приказна ја прифаќаш како додатно изненадување по повод твојот роденден. Сила си, мамичке!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
За Карл, другата жена три години била мамичка.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Нели мамо, нели најмила мамичке, нели нема веќе вистински да одиш пак во Индија? – одвај се воздржав да не се расплачам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Мамо, мамичке, колку многу те сакам, само да знаеш, - ми излетува одненадеж голема нежност и се втурнувам во неа, да ја гушкам и да ја бакнувам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Пела не го изговори следното прашање веднаш, туку многу подоцна, пред да се преселат кај мајка Перса, и, од нејзиното слатко усте кое кога ги пропушташе зборовите од десната страна создаваа едно мило дупче, не го изговори ни како прашање, туку како чудење Зар има поубава од тебе, мамичке?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„Мамо, мамичке, па ти навистина си спремила мусака“, со светнати очи викаше детето заграбувајќи со лажицата од гравот, гледајќи ту во мајка си, која се крстеше и се заблагодаруваше на милоста Божја, ту во чинијата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Исечоците, кутиите за цигари, ретките стари фотографии, писмата, филмските ролни и споменарите од големата збирка на триесет и двегодишниот жител на Сан Франциско и посветеник на Крафорд, Нил Мачијевски, докажуваат зошто оваа класична холивудска „мамичка“ била најмила.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За разлика од трагедијата, таа може од драматичната изведба да направи вредност, а и извор на задоволство, по себе.
Тоа, се разбира, е она што го гледаме толку видливо прикажано во Милдред Пирс (а да не зборуваме за Најмила мамичке).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)