магнет (м.)
Го запали магнетското око на радиото и принесе две чашки на масата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Зад една подгрбавена, стара жена одеше друга помлада жена со жолто, испиено лице, со светнати мали очиња, со ситни, речиси детски рачиња и рамена покриени со тешка алова свила, што како магнет ја впиваше светлоста од петролејките и силно блескаше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дотогаш нешто слично не виделе твоите очи, како магнет те влечат кон нешто уште поубаво, посветло. Вечно. Проклет да бидам, вечно.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Потоа, очигледно не завршувајќи ја смотрата, неочекувано брзо се сврти кон нас и не давајќи ни барем да зинеме како со магнет ни ги зеде главите, се разбира мојата и Кејтеновата, и колку што можеше посилно ги тресна една од друга.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ме трга нешто ко магнет и никако не ме попушта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Минував низ десетина состави со ист инвентар: воздушен хармониум, една гитара со магнет, една без, тапани помешани со длабоки лонци.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Приказната е магнетот, чија невидлива сила врзува за себе ланец прстења - јас сум само еден од нив...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Моли влезе во некаква размена со Магнетските кучкини сестри, давајќи ми шанса да го потерам Ралфи низ вратата со торбата нежно притисната во основата на неговиот рбет. Изгледаше како да ги познава.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Како дупли дна, би можело да се рече, сликите фатени меѓу магнетите на земјата и небото, фалусот и вулвата, материјата и црните дупки, како каријатиди, што друго.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Чудно, како со магнет да се држеше за мене.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бизнисмените немаат време, женетите имаат обврски (мали деца и големи проблеми, лоши сопруги и магнет папучи).
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Мојот стомак, кој и онака ги имаше присобрано сите вишок масти и килограми на моето тело, небаре невидлив магнет за маснотии му се беше заглавил околу папокот, сега беше скоро двојно поголем од неговата нормална величина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како магнетот што го привлекува железото – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ирена го влечеше како магнет, тој не беше свесен за тоа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Го сакаше херојот во приказните - поврзан со невидливи врски со силите што го моделираат светот, како да е влечен од магнет, тој самоуверено ја следи прецизната линија која за него ја одредила судбината.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Преку интензивното читање и изучување на јазикот Христов ја спознал историјата, традицијата, легендите, баладите и сето народно творештво кои како магнет делувале на неговата мисла.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)