магаза (ж.)
2. Ние имавме чаршии и рој - кошница пазари и ред редени маази полни, преполни со стока.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Четворица слуги имаше само во магазата. А посебно имаше други што ги работеа бавчите и чифлигот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На тоа ги притегна и една друга несреќа:на празникот на новата Месечева година, 823-та, ајдути ги обраа нивните магази во бизистенот во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш, кога Акиноските за прв пат се доселија во Потковицата, се пронесе глас, но тоа не беше вистина, дека султанот, Мустафа Челеби, Лажниот Мустафа, (1419-1421 година) за да им го остави Имотот, им понудил да преминат во исламска вера, но кога тие го одбиле, се разгневил и им заповедал на властите да им ги оберат магазите во безистенот во Битола и да ги протераат во Потковицата - за заедно со другите раетини да работат за него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој човек со гуња од секакви закрпи и опашан преку неа со две шамии, во објала во кои можат да се нурнат шумски пенушки, понекогаш работел в град: таму носел на широкиот грб по две вреќи брашно или сол, редел по турските и ерменските магази буриња со маслинки, по ановите со боси нозе гмечел грозје во каци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му се чинеше и повисоко одошто е, кога уште ќе замислеше дека горе, изделено од рајата, е сѐ што вреди, седиштето на валијатот, уќуматот, беледието, а заградени од ѕидиштата се и сите големци на градов, нивните куќи и сараи, богатствата, анамите и слугите, а покрај нив војниците, магазите со жито, складиштата на муниција, топовите, ѓулињата, јаничарите и нивниот јаничарски началник, што го викаат коџа-ага, па јузбашата, церибашата, дури и спахискиот ќаја е тука, ама и големиот мула не може да биде надвор од ова место, зашто нему му даваат дваесет ќесиња годишно.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Анот имаше многубројни четвртести камени стролбови, а доби двор со шадрван, и покрај магазите и работилниците во приземјето кое беше наменето и за стоката, на катот доби соби за спиење во кои имаше и огништа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Камилски како значајни ги избра и заемките: мушабак, вид дрвена решетка што се ставала од надворешната страна на прозорците во муслиманските куќи (од арапски muabak); ќепенок, дрвен капак со кој се затворале дуќаните, а дење служел како тезга или излог (од турски kepenk); мазгал, мал тесен отвор на тврдина, а подоцна и прозорче по апсаните и магазите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)