маана ж.

маана (ж.)

И таа како дедот Петка: намириса дека Митра е запалена за оваа работа и почна да тврди пазар: — „Та. .. којзнае, невесто Митро, дали ќе ми најдеш тоа шо треба; та . . . ногу време сака да помине; ја... требало порано да дојдеш; којзнае дали ќе можиш да платиш“, — и триста други маани си наоѓаше. И за неа „ништо не сака“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина, не беше убава седбата насекаде, ама „Гошово“, а особено Сукаловите нивје, немаа никаква маана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Првиот брав да нема маана — велеше Лесната, кога Чолакот рече оти прв ќе донесе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ѝ најдоа една таква девојка која беше сираче и која се хранеше работејќи по куќите во селото и која имаше како него некоја маана во говорот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Уште како дете прележа воспаление на мозокот, остана наглув и со маана во говорот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но јас знаев дека ме теши, дека ме лаже; јас точно, секогаш во животот сум била свесна за своето тело, господине судија, за секоја негова маана или доблест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше отец Пелазгиј една маана: кога ќе беше притеснет во расправите со параболи, почнуваше да пелтечи и солзи му идеа на очи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оти кажано е: непријателот твој најдобар лекар е на мааните твои, оти подобро ги гледа од пријателот, кој од учтивост или ласкање никогаш отворено нема да ти ги изглаголи!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татко му секогаш некого судеше, некого осудуваше и тоа свое постојано пронаоѓање и жигосување на мааните кај другите му го пренесе заедно со занаетот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, никогаш не престана искрено да ги сака своите браќа, сосе сите нивни човечки маани.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Така робот Бошко, запленет негде над кумановско, во нејзините очи наеднаш ги изгуби сите маани ѝ стана дете што треба да се гали и да се израсне во љубов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По правило, тие четири години ги проаѓаат у пронаоѓање маани на ова општество.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Некогаш страдавме од маните, сега страдаме од законите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој имплицираше, а ние се сложуваме, дека оваа „современа установа“, извршител,7 не е без маани и дека сумата која истите ја побаруваат и од доверителот и од должникот е несразмерна со тежината на нивниот вложен труд! ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Арно ама, тој имал една маана: често зборувал во сон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ти недостасува? Мојата налудничавост? Мојата топла крв? Моите маани? Мојата кожа? Моето хистерично смеење?
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Те сакам татковино,таква каква што си, со сета убост и твоите маани, и сите догорчиња во срцето збрани распламтеа силно и ко да ми зборат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)