лоциран (прид.)
Зависно од определбите кои не се лоцирани само во литературната свест, се доаѓаше низ одделни анализи до сознанија за прозата на Чинго кои беа извонредно силно идејно тензирани, обоени со сите реперкусии на политиколошкиот аспект.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А дека Градиште можело и да биде богомилска населба, одредени податоци, и ако од науката неутврдени - поправо не е утврдено точно која била и точно каде била лоцирана односната населба - пружа Виљем Тирски: Напуштајќи го Костур, рицарите на Боуменд нападнале една укрепена населба во битолско-прилепскиот крај, која била населена со „еретици“ - богомили.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Меѓутоа, Германците лоцирани во селото Негуш презеле напад кон Каракамен и мисијата на капетанот Камерон била евакуирана од Каракамен на Кајмакчалан заедно со Кларк.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
А треба да се потцрта дека овој дел бил централен дел на Солун, во кој биле лоцирани важни европски установи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Стигнавме до големата современа бензиска пумпа лоцирана пред влезот на пристаништето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во близината на едно мало село беше лоцирано училиштето Деерфиелд со сите пропратни објекти, куќите каде што живееја учениците, куќите на професорите, спортските објекти, многу зеленило и дрвја, а во близината на училиштето течеше река.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Родена сум во оваа земја, лоцирана точно во центарот на светот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)