лом (м.)
За миг ќе му испливаше во свеста таа - мечот и ќе молснеше, ќе раздвижеше и разбеснееше во него нагони за протести, ломови...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Растењето е секогаш исполнето со судири, ломови, дилеми и застранувања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Чинго пишува за селото, за неговиот живот, неговите ломови и катаклизми.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И, знае ли тој Трска дека татко му на Окомен, ако дознае кој го сторил тоа, ќе дојде во Домот и лом ќе стори?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа што сега ќе ви го речам, значи, ќе ви го речам не во името на една “типично” француска филозофија, туку од едно стојалиште кое е мое или можеби стојалиште на мал број филозофи што ми се блиски: внатре француското подрачје на филозофијата постојат многу дисконтинуитети, ломови и конфликти.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„Тој лом со природата е на страната на жената, а присилната активност на мажот во крајна консеквенца не е ништо друго туку подвоен обид трауматската дупка од тој расцеп одново да се затне.” (Славој Жижек) Антигона, значи, а не фантазмот на библиски пророк, е вистинскиот узор за модерната интелектуалност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
- Многу лесно – попушти – ќе ги соберам другарите и ќе им појдеме на оние копилиња во паркот, лом ќе ги направиме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Што се однесува до татко ѝ, тој близу педесет години беше во врвот на власта и, кога настана оној лом, големиот пресврт на системот, не можеше да се замисли без таа власт.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
(Отвора долап со алишта) Ова е лом. Да се преуреди! Од корен треба сѐ да се менува. Ако треба јас ќе ти помогнам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)