личотија (ж.)
- О мајн гот, вели тој. - Ти пак уживаш во сопствената личотија.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Да ти кажам, на друг да не кажам - ама, вистина, некои домаќини му фрлиле око за домазет. Со личотијата и леунка да излаже.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По ридовите врз градот, таму, имаше многу не само чист бакар, туку и сребро, и да се прават вакви личотии комесарот на градот дозволуваше со голем ќејф.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Стариот на Марко беше ти бил дојден, пред години, од Кратово, а во овој град имаше мајдан од бакар, та бакарните садови што се изработуваа таму, според личотијата ги надминуваа и оние од Босна, па и и оние од Кастамонија, во Мала Азија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Вест која радува:
младост на обликот (Модилјани)
ластерки на личотијата од нов вид
- а прстите на цветаева невидливи
врз тилот на долгата жешка зима –
мимика на притивнат протест
сѐ-на-сѐ
антиграматика на очајот
- спознај се самиот себеси
и уште (асоцијации за вратот)
теснец кој пулсира – притеснета надеж
клисура во која одекнува контрабас
а мажите аргонаути, крзнољупци
верници од инакви светови
не се откажуваат од потрагата:
влезот во жената е бескрајно долг
да биде волјата ваша
слободна!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)