лико (ср.)

Лежи гола, а дедо ми ја покажува, ми обрнува внимание да забележам како е истенчена, сведена на ширина на лико трева од што е потрошена од фикарење глави и брцање во душмански шкембиња.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А кога ќе ја отнеше тапата од шишето, таа пукаше како ќорфишек од берданка - шишето завиткано во стари весници, стуткана мукава или, сплетено ако е поголемко, во ѓолско лико, а тапата не од плута како што беа граничните пловки на езерото туку од исушена кочанка што излегува од устињето насилно, со офкање.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дојде и денот да се калеми крувчето. Пискулиев донесе лико и восок.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Народон кај нас не ги знае тие работи. Ќе го призавиткаат малку-многу со лико местото и готово.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јас и лико повеќе ќе навиткам, и со восокот ќе го облепам, да потера побрзо и посигурно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)