леунка (ж.)
Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа не присуствува на трпезата и со неа не сторија гостинките ни „здраво живо“ да не ѝ секне млекото и да не ја фатат „навите“ како леунка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Да ти кажам, на друг да не кажам - ама вистина, неки домаќини му фрлиле око за домазет. Со личнотија и леунка да излаже.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
За да не ја фаќаат навите. Тие се многу лоши за леунките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И уште ѝ кажувам дека леунка до шест недели не смее надвор да излегува, оти шест недели гробот ѝ е отворен.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да ти кажам, на друг да не кажам - ама, вистина, некои домаќини му фрлиле око за домазет. Со личотијата и леунка да излаже.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Нејзиниот шепот извира од мене и само јас и ноќта можеме да ја измислеме прикаската на еден живот. Бремена или само неколку часови леунка?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пак ме удри со колено по колено. „Не преправај се. Ти ја донесе онаа, малата со цицки на леунка.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Змијата е како леунките. Ќе ѝ стежне млекото, ќе побрза некого да подои. - Реков - не трескај.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги советува луѓето, по ставањето на грозјето, шест недели да не го пијат виното, зашто тоа е во тој период уште „леунка“ и не е за пиење - боледува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мајка ми умре како леунка. На нејзината смрт не се сеќавам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Плачеше и леунката, а јас ниту знаев, ниту можев да помогнам.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во Прењес застанав и таму двете леунки ги оставивме во управата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Баба Добрица со Добрета ме крепеа да се довлечкам до гробиштана... леунка до четириесет дена не бидувало од куќи да излезе - ама душава не ми додржала.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)