лета несв.

лета (несв.)

За убиства жеден, те гледав кај виорно леташ, невидлив бој ти водејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Младите штрчиња ги учеле да летаат нависоко и Аџијата беше распратил абер по сите страни да се чинат азар сите штркови, за на свети Панделимон да тргнат за на вилает; му стори абер и на Силјана за и тој да се стори азар.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Летале што летале и приближиле до некое краиште од земјата, слегле и си починале, си попасале тамо троа тревичка, чунки такво било местото што немало никаква животинка рана за штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Отаде беа се упатиле право за кај нас да идат; летале, летале токмо 24 саати, дошле до една ада, та слегле на адата и се најале отаде жаби и друзи животинки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Слушај, Костадине! Ти си млад. Уште леташ. Ако рекол господ да ми бидеш зет, сакам отсега да бидеш поумен. Не да леташ како ластовица.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Лета ли магарето? — Лета. Сосе товар? — Сосе товар.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Така е, легач. Градината сама се вади; тешката бунарска кофа има крила, сама лета нагоре; дрвата сами се цепат; ѓубрето само се исфрла на буниште...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се корнат буки, се рутат карпи; и искри летаат в рој! булдожер рие, компресор ечи Напред и напред, младинци наши, со горди чела за нови дела, во славен поход во трудов бој!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Малата вештерка лета околу ламбата и фрла сенки по намуртеното лице на татка ми.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Молчеше. Лилјаците ниско минеа, итро кружеа со шум и со танко цивкање, летаа над нас како фрлен камен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Умот и лета негде Долно, негде Горно мало.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нешто како був низ соба им лета, покривот над глава им го крши, прасињата во свињарникот им ги дави.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се стемнува - тоа го знам зашто низ неколкуте симетрично распоредени прозорци помеѓу драпериите навлегуваат монструозни лилјаци и летаат секогаш подалеку од оние осумнаесет сребрени шандани со запалени свеќи од бел восок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Летав носен кон бездни, кон неизвесност;зад мене не остануваше ништо освен мртви приказни згрчени призрачно под мрак, удавени во досаден мирис на етар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не, тој така ја држеше раката и мижеше со едното око зашто така му изгледаше дека гулабите летаат пред неговата рака а тој ги турка напред.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Жените поцрнети од сонцето, разградени, со светнати очи и благородно порочни, благодарно летаа во прегратките на мажите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ни врапчиња не се зашто тие не летаат толку високо а ни ластовички не се. Ластовичките лесно се распознаваат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сакаше да летаат, да вртат над неговата глава а тој да ужива во нивниот слободен лет.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Чашите летаат, пукаат по подот. Извици. Лудило.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе