лебди несв.

лебди (несв.)

Се откина од гранката сам, полека и несетено и остана во воздухот да лебдее така.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
А босите нозе, како да не ја допираа земјата - лебдеше таа во воздухот и танцуваше во чудесен унес...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сува измаглина лебдеше во здолнината на ридот и оттаму допираа до затворот згаснати шумови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стоеше вкочането и погледот му лебдеше над главите на судиите и на публиката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа не го стори Арсо, туку молчеливо ја крие пред него својата сомничавост и умилно восхитување му лебди на лицето, а токму тоа го насрчува Етхем-паша и во неговите зборови блуди некоја горделивост што го дразни Арса и речиси, тој е дојден до крајот на своето здружување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа и траговите на големите Дукови раце, траговите, што ги остава секој да лебдат по неговите стапалки во живото, кога веќе го нема самиот него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше речиси видлива таа молчелива игра со темнинката, што се згуснуваше и остануваше да лебди постојано на истата граница, до која што излегуваа и волците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таму, горе, по белината на скаменетиот снег, по која што се распознаваа траговите од јазиците на ветерот, почнуваше да зацарува некое волшебно усвитување, и тој знаеше дека тоа го носи оној сега сосема неразбиен бран на виделината, што продолжуваше да надоаѓа од зад планините, додека во сенките под него сѐ уште лебдеше густата модрина на ноќта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Прашина, како злокобен призрак лебдеше наоколу, и тука, непосредно кај нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повторно доаѓам пред долината и таа се отвора како стара книга на залутениот ветар лисјата се шират и во неа влегуваат право високото небо со гребенот на врвот планински што лебди над облаците потоа снегот што се спушта жолт и овенат право во моето срце измешан со поројот во 'рбетот што му шуми.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И така како што лебдам ко ветрушка, како спипиле, заспивам и под мене се отвора нешто и јас почнувам да паѓам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И почувствува дека лебди...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Едноставно лебдеше, се лизгаше, отсутна од луѓето, како меѓу подот и таваниците да имаше меко перниче по кое плови низ океанот на музиката.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Градската ластовица и селската ластовица Не се исти ластовици: Градската е недоверчива = селската е понаивна се буди доцна = се буди пред зори не е плашлива = е плашлива не лета брзо = брзо лета повеќе лебди = повеќе лета ги љуби височините = ја сака земјата но никогаш не ја допира лета тихо и еднолично = со занес лета и палаво се крие од дождови = љуби дождови лови пеперуги = лови цветови не кружи = упорно кружи Не е Изида = Е Изида, тагува над Озирис сè до изгревот на сонцето не кружи = Упорно кружи.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се напинам, се напинам со сета сила, но енергијата ми останува некаде во мене, некаде во стомакот, некаде во некој празен простор во желудникот, таа тамо лебди како пердушка и нема во себе никаква тежина со која ќе налегне за да потисне нагоре енергија која ќе ми го поткрене јазикот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Надолу допира до море со голем пристаништен град со двајца светци што лебдат горе на небото а нагоре местото цело како од бишки изриено.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога по половина час се врати, на лицето му лебдеше загадочна насмевка: „16 златници! – и брзо додаде, неможејќи да го скрие восхитот: „Колку е убава ќерката на бакалџијата!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас, како што настапувам, го прифаќам ритмот на музиката и самиот се движам бранувајќи се, скоро не газејќи по подот, речиси лебдам кон Претседателот на Републиката а и тој кон мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе