лакт (м.)

НАЦА: (Помлада и покрупна од својата чорбаџика, облечена во нејзин износен фустан, кој на неа, оптегнат, пука, со ракавите засукани над лактите, со завиткани плетенки преку тулбенот на главата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По едно време Мече усети дека светлокосиот го побутна со лакт и го викна тихо, по име: - Мече!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Карабуклијата пак шмркна од пагурчето, му го подаде на дедот Петка и тој да го накваси грлото оти од многу зборување беше му се засушило, та откако се поналакти на другиот лакт, се заврте кон Доста и почна: — Арно вели побратимот, внуко, арно вели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Водарките ја дупнаа со лакти средната другарка, а левата рече: — Ами кога та веле јас, златна, оти попот а оставил Анѓа, ти ка велеше? Не веруам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста слуша натажена, дури се поразлигави малку. Се исекна неколку пати во шамивчето, што му направи голем впечаток на дедот Петка, ги забриша солзите и откако си ја кладе раката пред устата, потпрена на лактот и колената, отвори да зборува не полошо од дедовците: — Море, дејди вујко, дејди родителу.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пак се повлекува и останува потпрен на лактите и загледан во ѕвезденото небо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Здраво“, рече збунето брат му и застана. „Вие веќе се познавате“, покажа со главата кон девојката. „Здраво“, рече и самиот. „Секако дека се познаваме, ако она, денес, беше запознавање.“ Околу нив се буткаа гласови и лакти, тие и самите отпор во лаките за удирања, беа безгласни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го загледа налутено Андона и, прекинувајќи го за миг свирењето, му рече: - Мрдни се бре, ут ниеден... - пак го бутна со лактот во ребрата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А таа, сита од тешкиот здив на тој до кого лежеше, се поткреваше на лакти и зјапаше во темницата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Таа го поведува, држејќи го под лактот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И му дојде некоја изненадна желба и слика. Посака да се подигне на лакти.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рацете му се стегнати и врзани, така што лактите му допираат под плеќи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Страот од себе и од својата неправда, не срамот од својата кражба, тоа е сакатиот лакат на Претседателон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа бркна во своите муси шалварести бечви меѓу гајтаните каде што му беше џебот, ја напика надолу раката скоро до лактот и извади клуч.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И тоа ја отпетла манлихерата и почна да стрела, држејќи ги уздите од коњот наврени на левиот лакт.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шаќир се тргна од прозорецот со продупчен ракав над лактот од еден куршум и почна да вика и псуе: — Таков е значи вашиот збор кучиња низедни, со измама сакате да нѐ отепате? — и место предавање почна и тој да стрела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Во тешка положба се наоѓаме, — рече, длабоко издишувајќи се, Гарванов и се налакти на десниот лакт.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ене го, на соларникот, му велам, рацеве, до лакти. ми се со тесто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе