кустос (м.)
Логично е сѐ рече кустосот. Врз пепелта Птицата се мачи да напише: огнот е семе.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Тој не беше само главен кустос на музејот, туку и негов жив експонат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Поворки од овие луѓе минуваа планирано и организирано крај експонатите и кустосите на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Како куратор сосема коректен. - Нели сега се вика куратор, а не кустос?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Иако студиите по историја на уметноста ми беа под „бе”, значи нешто како хоби, можам да кажам дека кустосот е надминат како дискосот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Има посебна сигнализација за сообраќајот - внимателно ѝ објаснуваше Саво како да беше некој кустос, кој знае да ги објасни сите детали за Петроварадинската Тврдина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)