кусок (м.)
- Какви јагниња, бре недоделкан, ми вели еден даскал, тоа е кусок на соли и на минерали.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потоа нема да ви кажувам што сѐ ми се случуваше, како ја преживеав таа канонада од поуки и прекори, тоа понижување од најдолен вид, ако понижувањето може да се класифицира по видови, таа моја наведната глава и зачепена уста што не сторија ама баш ни најмала усилба да ме одбранат, да ја кажат вистината, или барем нејзината најблиска варијанта, да го објаснат оној мој недостиг од желба за постоење, оној мој кусок на нужна препотенција неопходна за живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И објаснив оти така месецот можат да го истераат без кусок во касата а дотогаш нека прават што ќе прават да се снајдат некако.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ме викна таа мене настрана и ми вели: „Дине“, ми вели, „ние во касата имаме 21.250 динари кусок. Што да правиме?“ ми вели. „Кажувај чаре!“ ми вели.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)