кус (прид.)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Вие сте долго- коси кусо- умни!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Јас, мајко, тргнав, заминав, куса си пушка нарамив, планина Пирин развила, бајрак се вее сред неа: Јас ќе го, мајко, дофанам, над село ќе го развеам, та ќе те, мајко, куртулам од тоа ропство крваво.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Коа таа шо велела: „ако е куска — нека е новка“ и јас — какво сака нека биде, лели е новко?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И, додека Митра му ги даваше крпените алишта на Трајко за преслекување, Доста извади нови „од конец“ и му ги даде со милни зборови: — Земи, браче Трајко, промени се во виа, јас ќе ти и закрпа твоите, да не те виде некоа вдовица вака парталав, ослепаго! И така на Илка му се куси и тесни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога ќе заситни со кусите нозе, небарем десет години пајвани носел. Ем работи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Жените од овој крај сѐ до Илинденското востание тука носеа сосем бели носии извезени со срма и злато, носии многу живописни и надалеку чуени по својата убавина, а мажите куси облеки.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Заспа. И сонуваше многу куси соништа. Не мавташе со нозе и не леташе како во детството.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Горната усна се отвора, станува тенка; носот потемнува и се протега преку челото: на неговото место остануваат само две широки ноздри; кусите клепки се повлекуваат в месо; под нив, место очи, светат две голи полжавчиња.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Животот е кус, темнината ненаситно го голта.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
За таа глава сосем се соответни долгите раце, само не и кривите, претерано куси нозе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но колку да ми даваа зорт да стигнат до Битола, бавното одење и кусиот декемвриски ден тоа не го дозволија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Крај нив мина жена со куси клепки и детски танко вратче.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Стоеше со тешко виснати раце набрекнат од крв и ракија и гледаше во недокучивоста на небото на кое изгасна една светлост со кус живот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ја слуша тој приказната и се плаши да не биде куса.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И штом убаво се развидели, го нагрна кусото, со срма извезено џамаданче, го накриви испегланиот, тукушто донесен од калап фес и, мамурлив од пиењето и неспањето, тргна сам со Бакала накај езерото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Еден од нив, аптекар во куси пиџами со многу разнобојни риги, се сети чувствувајќи дека гласот морничаво му пробива низ сета негова кожа: „Како в штала“ , па по него се сеќаваа и двајцата скарани: „Коњ! `Рзнува во број 8. Кај оној со избричено теме.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Трубачот ги брише кришум, со шамиче, кондурите, го истегнува кусото палто, чекори збунето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Фенерот запре на човекот што лежеше спрострен наземи, јурнаа стражари со куси стапови. Убиениот го извлечкаа надвор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Длабоко се надигнуваше незадоволство и презир кон себеси, кон луѓето во овој проклет град, кон оваа тесна и куса, но бескрајно мачна за поминување, улица.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)