ксенофобија (ж.)
Во случајот на денешните постколонијални земји, кај многу од нив во Третиот свет, национализмот може да стане оправдување за многу работи, како на пример за: укинувањето на личните слободи, еднопартискиот систем, диктатурата на армијата, култот на водачот и различните форми на екстремна ксенофобија.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Освен во случаите на народите како што се Палестинците, Јужноафриканските црнци, Порториканците или Курдите, национализмот е во целост негативна сила бидејќи тој поттикнува политика на војни и ксенофобија.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Џарман не ги именува. Самите можеме да ја одбереме онаа што најмногу ни се допаѓа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тогаш некој од политичарите рече дека тероризмот во земјата станал хронична болест, која е тешко да се излечи, и дека на него се лепат организираниот криминал, нетолеранцијата, ксенофобијата и многу други работи кои со години ќе ни ги трујат децата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)