крпач м.

крпач (м.)

Не се исплашив. За „горниот“ го сметав чичко Адама, стариот глув крпач на чевли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стариот крпач на чевли се затвори во своето одјаче та иако не говореше со мајка му на Димка ѝ дозволуваше понекогаш да му го измете гробот и да му ја испере едната кошула.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од куќата излезе малку подгрбавен стариот крпач збунето гледајќи низ стаклата на очилата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите, без исклучок, се однесуваа кон мене исто –мајка ми, татко ми Срчофилд, крпачот на чевли Стрико Шило, слаткарот Салеп Каја со ќерката Зула, пожарникарот Генерал Шмрк, моите другари Тантурак, Рокче, Помак и Тутуле, познати од некогашните прикажувања.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тоа денес е ретка професија, но некогаш имаше повеќе крпачи одошто продавници на чевли.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)