кроткост (ж.)
Кроткост и добрина бликаше во очите и гласовите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Боја ли е кроткоста во басмата со две лица или е басмата кротка со двете свои бои...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Во неговата отровна, клеветничка уста, во таа одаја во која ме измачуваше со укори, мојата кроткост стануваше – слабост, мојата благоразумност – плашливост, а мојата отвореност (како кога му реков дека му недостигаат букви во писмото) стануваше – нескромност и дрскост.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- За мирното или поетското решение на војните и судирите треба поети кои не пишуваат, туку издишуваат стихови, кои со даровитост и кроткост умеат да пеат и да ги распространуваат тие стихови, како ветрот поленовиот прав, кој умеат да ги применуваат со случај на некоја караница, на некоја маалска тепаница или воен судир на граница.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Штом ќе ја сетеа по кроткоста и тишината која пред неа одеше, ќе ја оставеа работата дуќанџиите, пиљарите и касапите, коларите и браварите, ќе брцнеа по џеповите и ќе ѝ подадеа некоја паричка како за среќа, како камче против чинка, како прав против урокливи очи и баксузлии жени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И ти како мене, кроткоста своја тешко си ја даваш, а тоа е одлика на херој!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
„... Мајка, со својата питомина, срцето, со својата кроткост, со својата тивка моќ, со добрината која зрачеше од нејзините очи, умееше во себе да ги поврзе разликите од монотеистичките верувања, во некое свое заедничко верување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка, со својата питомина на срцето, со својата кроткост, со својата тивка моќ, со добрината која зрачеше од нејзините очи, умееше во себе да ги поврзе разликите од монотеистичките верувања, во некое свое заедничко верување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ни чуварите, ни дворјанките
нити сите кралеви не, магите само
ѕвездочатци ја знаеле тајната
за нивната неприродна кроткост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Присуството и физичката форма на брат му, звукот на неговиот глас, неговата кроткост, добродушното лице, цврстиот и отворен поглед на неговите очи, за кратко време ја оттргнаа илузијата на безвременост, и на минатото столетие му ја дадоа хронолошката димензија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)