крос (м.)
Првиот случај беше со гаќичките. Имаше другарка Оливера Срезовска едни црвени, крос- гаќички.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа беа спортски гаќички што ги добила од комитетот за фискултура и култура, како победник во есенскиот крос по повод ослободувањето на градот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Воспитувачот, предобриот Трифун Трифуноски, поет, одговорен раководител на Фискултурната и литературната дружина, со две околиски првенства на крострчање (пролетниот и есенскиот крос) - со еден забележлив републички настап, тринаесетти, изваден во весник, награден со диплома и тие нешта што одат со тоа, - на највозвишен, стоотстотен уметнички начин ни соопшти за денот на аудицијата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)