крлук (м.)
Уште од дете правел крлуци, кавалчиња и вургити, а подоцна бил мајстор не само за јарем и рало туку и за секаква покуќнина: лажици, софри, ноќви, соларници, лајчарници и секакви други работи.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Време е за пиење кафе и белолаглави старци седнати крај масите и потпрени на крлуци, го чекаат својот филџан. Ги поздравуваме, ни отпоздравуваат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се потпре на својот неотсапен крлук и почна: - Заклучно со сознанијата што ги имаме добиено до пред еден час, другари команданти, положбата на фронтовите е следна.... - тој направи подолга пауза, редум погледна на присутните. - 107-та бригада држи позиции на секторот Краставец - Чрно; 14- та бригада го држи секторот Пиргос Котили - Горуша - Синорите; 16-та бригада - Горна Арена - Црн Камен и 103-та бригада Ќафа - Скирца - Грамос.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се навали на својот крлук од кој не се разделуваше (дури и кога спиеше го ставаше под перница или во ровот и земјанката под глава) и се врати на излагањето на Захаријадис.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)