криенка (ж.)
Енценсбергер невидливото го заменува со „непронајдливо“: „Секој од нас, некогаш, имал способност на игра, а една од најстарите игри е криенката.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Всушност го кријат фактот дека играат криенка, измислувајќи сѐ покомплицирани и посуптилни начини на таа разонода.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Одиме криенка, надолу. Го одведов во воденицата Јакимова.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таткото убиен од заскитан куршум, мајката меѓи бегалците на Кипар, братот си игра смртоносна криенка со бејрутските урнатини, тој, без пари, кај некои зловолни роднини кои отворено му велат дека е паразит – што му преостанува, освен да си оди?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Постарите, од десет па натаму, ги оставаа со презир, одеа да се возат со велосипеди или играа криенка.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Трчаа меѓу дрвјата, лизгајќи се и паѓајќи, се туркаа едно со друго, си играа криенка, но повеќето подмижуваа кон сонцето сѐ додека солзи не им потекуваа низ образите, ги испружаа рацете кон таа златна боја и неверојатното синило, вдишувајќи го свежиот воздух и без здив ја наслушнуваа тишината што се протегаше околу нив, како прекрасно море без звуци и движења.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тоа навистина погоди куп луѓе што сакаа да ги одржат старите стереотипи. често се прашував: „Дали тие луѓе кои си играат криенка воопшто се грижат за оние сиротички луѓе кои едноставно не можат да се вклопат во зададените улоги?“
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сериозниот професор си игра криенка со сенките! На рамото обесил ранец. Голем ранец. Всушност потсетува на војник казнет да искачи на планината тежок товар на рамото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
ВЕЛКОВ: Смешно е возрасни луѓе да играат криенка – миженка.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Криенка им беше омилената игра. Клои веќе не можеше да ги најде.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)