кременарка (ж.)
Ни пет ни шест, Јован ја нарами кремењарката со која одеше зиме по зајци и — испадна комита!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А тој, расправа ли расправа. Го трнало срце кременарка да префрли преку рамо, како дедо му во комитското.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако не веруа нека праве шо сака, а ние пак ќе правиме шо знајме и со него и со сете како него. Не заборавај да а извадиш таа кремењарката од сајата на трлото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Капата, бре пес! — го искара Крсте детето и ова го симна од главата својот извалкан фес и го прибра барутот и сачмите, а откако се истави од Шаќира, си ја нарами кремењарката, фати горе Жиовскиот дол, та си отиде дома, мислејќи во себе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На воденичкиот ѕид секогаш висела долга кременарка со изрезбан кундак и ги поучувала копуците да не му се спротивставуваат кога ќе ги заборавел поранешните спогодби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)