креација ж.

креација (ж.)

Келнскиот саем на мебел е еден вид смотра на современата светска мода на мебелот и арбитер на врвните модни и функционални креации.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во основа секоја литературна креација се потпира врз јазикот но во голем дел и врз секојдневната јазична практика, врз живиот говор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дишан знаеше дека, кога веќе не е можно да се напредува, динамичките контрадикции на креацијата му го препуштаат местото на задоволството, повторувањето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Поради тоа е јасно дека под дејство на дрога ниту уметникот како креатор, ниту реципиентот како сведок на креацијата нема да можат на целосен начин да ја сфатат убавината на архитектонското дело или музичката симфонија како збирен израз на поединечни запазувања, хармониски созвучја, акорди, златен пресек и.т.н.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За самата креација на едно такво тврдење, пак, може да се каже дека е само пламнување на таа величествена искра интуиција.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ворхол исто така и во својата ликовна работа ги подржуваше типичните грешки на медиумот (расипувањето како креација).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Студијата која ги обработува основите во тестирањето на пропагандните пораки укажува на следното: 1) ефектот на пропагандната креација не може да биде измерен доколку барем два пати не е изложен на перцепцијата на целниот сегмент на побарувачката (терк); 2) секое препознавање на целите на истражувањето од страна на испитаникот ја докажува погрешно избраната метода; 3) секое истражување се спроведува со споредување на резултатите од контролата и експерименталната група; 4) тестот на присеќавање се прави како со така и без помошта на испитувачот; 5) се мери степенот на преференција во одредена група производи; 6) се мери поттикот за купување и се утврдуваат конкретните причини; 7) тестирањето се спроведува на еден дел или пак на целиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пасивниот воајеризам со снимање на филм или со некој друг начин на бележење се претвора во активен процес (креација). 96 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Политичката креација за уметникот е дејност оптоварена со компромиси, лажни ветувања, лажно прикажување на фактите, сомнително делување на план на моралот, лажно претставување на себе си, лажно претставување на опонентите, отсуство на себеиспитување, отсуство на испитување на светот, недостаток на философичност, отсуство на метафизичко промислување, сѐ заедно една голема индивидуална и колективна егоцентричност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Политичката креација манипулира со умовите на граѓаните (масите), манипулира со умовите на научниците и со умовите на уметниците.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Вудринг ги продава своите моторизирани креации и другите уметнички објекти од неговиот Jimland Novelties каталог.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како резултат на тоа политичката креација е највисок облик на креација зошто може радикално да ја менува структурата на општеството и природата па и директно да влијае на нашите сензори за бол и пријатност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но сепак, ако читањето е субјективно, а сказот креација на јазикот, историјата (преттекст на сказот) се вкоренува во тоа што било живеано, траело близу педесетина години од страна на албанскиот народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Впрочем, не се жртвуваат брак и деца за да можеш да ја изразиш својата креативност, ти веќе си создала нешто, си создала деца и тоа е твојата креација за која си се определила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во неговата најнова книга, најпарадигматични во тој поглед се расказите „Утрото во ‘Ексцелзиор’“, „За малечките сложувалки“ и „Мравки“; во првиот, раскажувањето е во функција на самото сиже, вториот расказ е автопоетички (се работи за поетика на обичното, секојдневното, миговното), а третиот ги проникнува и поетиката на авторот и конкретното вообликување на сижето, нешто како созвучје меѓу теоријата и креацијата (со конкретна демонстрација на творечкиот чин, кој се раѓа од сосема случајно слушнат разговор).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа состојба е чин на чиста креација.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Умот и интелегенцијата ја создаваат креацијата, и тие се во движење, претходно биле родени.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас бев застапникот, највисокиот преставник на Титовата креација во земјата на Титовиот пријател од периодот на неврзаноста, таткото на туниската нација Хабиб Бургиба, во времето кога продолжуваше да живее култот на Тито, со последната генерација на неговите соработници во колегијалното претседателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Фрустрации Кастрации Но од каде постои толкава мотивација За една ваква здодевна нарација И потреба за патронизација На тема што бара будна опсервација Човештвото подлежи на вечна деградација Есхатологија - неминовна девијација Ќе речете - тоа е - модернизација Чекорење во простор без гравитација Кај владеат закони за левитација Без можност за поинаква визуелизација Без концепт за креација И само манипулација...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Субјектот кој го набљудува светот во мигот кога создава слика за истиот, се впушта во процес на креација.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе