кратковечен (прид.)
Трета класа, тунел, исполнет со татнеж, бела перјаница, со кратковечни искри.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш, на ова исто место со запомнета слика: грст печурки под стебло, јаз, љубовна трка на кратковечни вилини кончиња.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа беше кратковечно бегство, целта, ако тоа беше денот, лежеше уште во утробата на времето зад недогледните ридови на мракот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Потоа плиснал дожд густ и кратковечен. И пак - ѕвезди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чувствувам дека за него, потеклото на страста беше боженска и недостапна тајна за кратковечната човекова мисла.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)