краси несв.

краси (несв.)

На главата носеше црвен фес, а појасот му го красеше сребрен синџир, на кој беше врзан убав златен часовник.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Брадата почна да ја бричи, а неговото тркалесто лице го красеше бујна костенлива коса.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Влезот во бањите го краси една скулптура на маж, кој крши патерици, а под нив стои испишано: стани и оди.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Западната страна на Софија, како и нејзиниот југ, ги красат два големи парка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа е цела алеја од „рози“ а статистичарите забележале дека 10.000 китки трендафили и уште 200.000 китни разни други цвеќиња ги красат алеите по сиот парк.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако невиноста го красеше неговиот поглед, во него имаше нешто дамнешно, од дното на вековите, нешто зад сеќавањето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа никогаш не може да се скраси, на едно место да застане: се мрешка, се мешколи, потфрла бранчиња и го подлижува брегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лицето ѝ го озари изразот што ја красеше кога бевме сите заедно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Часовничарот кој му ја знаеше убавината, староста и вредноста, му даде на татко му колку што му побара и не го нави, ами го обеси на ѕидот да му го краси дуќанот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Птиците стојат покрај водопади обложени со мов, исти како што оние што во нејзините фантазии ги красат базените на филмските ѕвезди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со лепило ќе ги залепам и ти вечно ќе имаш спомен на чедото твое; таа слика гробот нејзин ќе го краси за вечни времиња.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лицата им ги красеа широки насмевки, нишки од среќа им висеа по образите и знаменца од радости над главите им се вееја, стихови лееја, песни пееја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Значи имаше сѐ што треба да ја краси една привлечна жена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оваа противречност па дури и неправедна осуда на еден цел живот морам да признаам дека ја окарактеризирав како црн знак што ја краси судбината на несреќните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тој уплашен човек Карер не можеше да види ни трага од она дете со кое играа во училишниот двор и чие лице го красеа немирните маслинести очи и една речиси постојано присутна насмевка. Цел живот се почитувале и се дружеле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Скромноста ги красеше, беа задоволни од малку.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Што овој Свет чека да го спаси Краси се само со својте пердуви Не биди фарисеј лесноверен Не гледаш?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Иако тигрите ги красеше остроумност, никогаш веднаш не ги препознаваа ноелемаците, бидејќи, заради нивната невидливост, немаа прилика да ги набљудуваат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тогаш, отаде патот – од десната страна, под високиот рид над кој белееше палатата на албанскиот крал Зогу – бели вили со широки дворови во кои растеа овошки од портокали, смокви, лимони, мандарини и ги красеа палми и многу трендафили.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе