кошарка (ж.)
Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од кошарката излезе стара жена и писна да тажи, гледајќи го налегнат дедото во дворот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Многу од нив се крстени „балканијади“: балканијада на естрадна музика, балканијада на кошарка и балканијада на циркусите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На поплочена плоштатка пред црквата, во камено корито, низ железна шепурка, живо и осамено истураше чешма, а во неограденото и заедничко двориште на црквата и населбата, околу кошарки од врбови прачки, кои беа начепени со лепешки измешани со плева и помеѓу кои се шеташе живина, шумно се роеја улишта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но, на оној час, откако сите ние, момчињата, поминавме на ред на разбојот, Фискултурецот даде заповед да се смениме: сега ние требаше да играме кошарка, а девојчињата да поминат на разбојот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За мене Јана беше синоним за „цар во кошарка”, а пак за брат ми беше директна асоцијација на најубавите колачи и торти што тој ги обожаваше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Аман, веќе да започне учебната година, па в училишниот двор ќе играме и фудбал, и кошарка, и одбојка!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Собрана цела кошарка подградни желби паднати со ѕвездите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)