кочан (м.)

Ристе ја постави молбата. Суло го има чеканот за дамка, а Ристе десетина товари штици недамкосани, та „ако е кабил“ да дојде утре Сулоага да ја удри дамката да не ги носи Ристе на каракулот и да не плати кочан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овде-онде по гумната, како злато се жолтеа кочани пченка - сиромашната селска храна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Десетина печени кочани завиткани во лушпи им остави во бовча со нешто ореви и јаболчиња и ги испрати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јадевме само жива пченка, вели, влеговме во една нива и накршивме кочани пченка, вели, и после нѐ болеше многу срце. Нѐ свитка мевот од бола, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Горе на ѕидовите и на само половина метро подолу од таванот и точно над подѕидоците прикрепени се дрвени полици, кои се натоварени со дуњи, јаболки и петтопрсни тиквиња, а долу под полиците врзани во снопчиња и обесени на ѕидовите, висат мисирски кочани, исушени полски цвеќиња, треви и чаеви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кочан сум целата, што се вели, одам со забавени движења небаре потскусена во нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И го мразам плускањето со кочан вода во неизѕидана бања.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Додека размислуваше така, се сети без некоја особена врска како пред неколку недели виде откината рака на тротоарот и како ја шутна во уличната канализација, како да се работи за кочан од зелка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кочаните беа јагниња, рачките јариња, а ние овчари.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Шуткавме со стапови дваесетина рачки од тикви и кочани од пченка.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мажот може, а неверната жена ја стрижеле до кочан, ја качувале на магаре, ја удирале со дрвен чекан по глава, како во оној филм.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа се заградени места каде се одгледуваат свињи, а свињите најдбро се хранат со пченка, всушност, со кочани.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Значи, имало небројница кочани. Населбата која што има кочани.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но лекарот ги извади слушалките од ушите и ѝ одмавна со главата, па место кочанот со рецепти ѝ побара да ископа од торбата посмртен лист, па ѝ издиктира како да го пополни според податоците од здравствената книшка и плус неговата дијагноза на латински јазик како причина на смртта. (Нешто како апоплексиа фулминанс).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа, нервозно гледајќи низ ходникот, забрзано ги менуваше волнените со чорапи со подвезици (надвор беше кочан ладно), го подмести кожниот корсет вешто скриен под облеката, ја натна маската и конечно влезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И веќе го замислуваш како се оптегнува на огромен кревет со кочан ладна постелнина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Дињата и сладоледот се кочан ладни“, ѝ велам јас, „а сега и грозје ќе извадам“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се сети кога пред неколку месеци гуските летаа во "В" - уште тогаш знаеше дека зимата ќе биде кочан.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А, моите лаги,исти секој ден, исти, смешни и проѕирни: „Па немаше автобус, кочан се сторив на автобуска...“, па „ми побегна пред нос“, па „се расипа на ’Јаја Паша’, па „чекав друг да дојде“ и сѐ така...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе