користи несв.

користи (несв.)

Впрочем, сите ослободителни движења во светот се потпираат и врз некои странски сили и притоа најчесто ги користат териториите на своите соседи. Тоа го направи и ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со револуцијата напролет ќе се користат само нашите непријатели што си имаат само сметки спротивни на нашите национални интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вака, кога Петко ќе стане поп, тој ќе си служи на „неговиот света Илија“ за здравје, за душата од татка му, од деда му Петка, од мајка му Трна, која одамна беше појдена кај мажа си и умрените дечиња, и така ќе ги користи и овие дваесет гроша што му ги плаќаше на поп Спира за секоја служба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се знае: каде лази мариовска и полска вошка, таму има аир, а од оние суртуцине: плетварци, оровчани, крстечани, деништави, небрежани и други пограѓанети селани можат само Долзите, Зојчевци и Даут да се користат по нешто, и тоа слаба работа, од некоја басмичка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но и Анѓа не направи никаков каршилак. И нејзе ѝ се виде дека оваа работа кога да е, јалова ќе излезе, и само попот може да се користи, та поповото излегување таа не го направи некаков маслават.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си велеа дека таа ја користи нивната почит кон неа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го сметаа за будаличка селанец и се користеа од неговиот будалштилак, а тој гледаше секогаш да подразбере по нешто ново во врска со Анѓа и кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Првиот пролетен ден, слободни за неколку часа од интернатска суровост, тие го користат, фатени еден за друг со раце се кикотат вака, без некоја смисла, само за тоа дека им е добро а нешто во нив шири крилја, и сите лесни како птици летаат во просторот од вода, сонце и ситен влажен песок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таа веродостојност, писателот ја потврдува, и со наведената литература која ја користел за создавање на своето дело, какви што се спомените, записите и биографиите на Јаворов, Пандо Клјашев, Анастас Грчето, Ѓорче Петров, потоа раскажувањата на писателот Ѓорѓи Абаџиев и на некои илинденци и учесници во востанието.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таа се користеше од неговата благонаклоност, живееше кај него, јадеше, пиеше издебело — што се вели, а сосем малку работеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Годишно во Бугарија можат да се користат околу 12 милијарди кубици вода, односно на еден жител паѓа по 1,450 кубици вода спрема 6.000 кубици колку што изнесува европскиот просек.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И затоа сиот Париз, оној работен Париз, го користи метрото како најбрзо и релативно најевтино превозно средство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа ги користела транзитните патници. Шверцуваната стока ја препродавала и така печалела пари и добро живеела без труд и мака.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога дознаа од управата за какви бесмислици го користиме времето, дека тетратката во рацете само за маска ја држиме, веднаш беше забрането шетањето крај ѕидот, а секој оној што ќе се обидеше повторно да го мери беше најстрого казнуван.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Понекогаш стриче Силе Николоски се користеше и за други работи, но тоа не беше негова вина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа ноќ, бодро чекорејќи кон хотелот, надлежниот писател од престолнината чувствува дека престојот во Северните шуми добро ќе му користи.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не можеше да се одбрани од ритамот, немаше контрола над играта, а и да ја имаше, не ќе ја користеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Повеќе