концентриран прид.

концентриран (прид.)

Концентрираниот видокруг пред нашето ширум отворено око можеби нуди можност за едно ново осознавање.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Нивниот заеднички живот бил концентриран околу водењето активности за младите во нивната црква.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Човекот беше концентриран на веслата, намуртен во лицето кое беше здрвено од ветрот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Погледот студено му кружи преку нејзиниот стомак, стегнатиот и со појас опашан струк, преку набрекнатите гради, се сретнува со нејзиниот возбуден и концентриран поглед.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ти дури денес концентрирано мислеше на мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Треба да сме концентрирани и експедитивни.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Треба да се потцрта дека станува збор за еден град со над половина милион жители, со концетрирана индустрија, град во кој е ограничено природно проветрување поради високи градби.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сакам да кажам дека книгите од Твојата иницијална (прва) авторска фаза оние десетина тома во кои се собирани Твоите есеистички и критички текстови концентрирани врз одделни книжевни феномени или маркантни писателски личности (да не ги заборавам патописите!) главно ги читав како колешка, професорка по компаративна книжевност, теоретичарка на која примарниот (дури и исклучителен) интерес ѝ се посочените топоси или теми што Ти си решил да ги третираш следејќи ги строгите правила на научната методологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ова ми треба за конечно да ме земете сериозно. Ако сме доволно концентрирани, да почнеме. На пример со вашите книги.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Но кога некој ти одбројува од шеесет на семафор мора да бидеш концентриран, една стотинка одложување при поаѓањето може да те кошта колективна клетва. 33, 32... вратата на Мерцедесот се отвори и возачот излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
За момент Перо вознемирено ги подигна капаците на очите, но остана нем и Атина не забележа ништо, концентрирана на отпакувањето на марамите, радосно и со занес чувствувајќи го нежниот свилен материјал на своето лице.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)