конфликтен (прид.)
Ги поттикнав да ми помогнат да разберам како биле вовлечени во оваа форма на реагирање во конфликтни ситуации, и да го идентификуваат развојот на таквиот начин на комуникација.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Го сакав на еден особен начин, но, повторувам, таа љубов мене само ќе ми го уништеше животот, оти Јан Лудвик беше многу комплициран и конфликтен тип на човек.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Брз, импулсивен, по малку конфликтен, а имаше душа да го собере целиот свет. Работлив, темпераментен и физички многу јак.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)