консултира св. и несв.

консултира (св. и несв.)

Шефот се консултира со третиот член на комисијата кој постојано молчеше, па продолжи: – Луѓе, вашата коза Сталинка не може да влезе во никакви пописни листи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се набавуваше, по тајни канали, странска литература, се консултираа библиотеки, се пластеа познатите примери за опасностите од козите, но намерно се забораваа книгите за позитивните својства на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Решија да побараат мислење од другите републики и покраини, па ако треба да го консултираат и Водачот, за да се стави еднаш за секогаш крај на проблемот Чанга од јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За некои биографски детали изнесени овде, должник сум ѝ на Ненси Дефенбах, која го истражуваше животот и опусот на Марија Мартинс неколку години пред тоа, и ми овозможи да ја консултирам хронологијата што таа ја подготви.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можеш да се консултираш со Борис. Појасно ти е малку?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Иако некој може да ги консултира останатите и да учи од нив како да расудува, конечната одлука дали да прифати извесен заклучок ќе биде негова сопствена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Консултирањето со Ји Џинг за Кејџ не беше тежнение за априорно прифаќање на принципот изнесен во таа книга, туку резултат на вклопувањето на сопствените начела во механизмот на функционирање на Кинеската книга на промени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се консултираше запленетата преписка, се анализираа податоци од различни покажувања.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јагулче Дримски зеде иницијатива, се консултираше со секретарот Трим Тоска, а потем се упати до републичкиот секретар да побара дозвола работната седница да биде одложена за другиот ден.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
При планирањето на секоја акција преку радиоврска биле консултирани британските офицери на самото место.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Потоа веднаш да се консултира Институтот за македонски јазик и Филолошки факултет, и да се создаде АРМ- војнички жаргон.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во тоа време солунските ционистички кругови го поддржува новиот главен рабин, во надеж дека, поради неговата ционистичка определба, тој ќе ги консултира за секоја одлука.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За да не тресеме закључоци од рукав, се консултиравме со Зоки Хонда, познат гуру и тапкарош на ефтини и полураспаднати возила не поскупи од 700$.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Пред мојата посета консултирале повеќе досиеја, бездруго и грчкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веднаш после потпишувањето на решението за технолошки вишок, Митревски се одлучува за неговиот случај да консултира упатено лице од правната струка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сѐ што правеше во животот сакаше да биде перфектно, па и кога се подготвуваше за специјализација консултираше многу книги, читаше на Интернет за разни болести.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Никогаш не ме консултираше како да требаше да бидам шаблон на жена, безгласна буква.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За сите тие покани што ги добивав за концерти имав менаџер кој ги уговараше термините, некогаш ме консултираше а некогаш и сам го правеше тоа, знаеше дека така ќе ми одговара.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Да, тоа е суштинското прашање прифати Камилски но ние бездруго ќе ја откриеме вистинската причина, откако ќе ги консултираме сите западни книги (кои ги носам јас), но и сите источни (кои ги имаш ти ).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе