конверзија (ж.)
Во склоп на изложбата, усмерувачките сили требаа сериозно да ја означат крајната точка на една долга патека, која беше сведок на конверзијата на Бојсовите цртежи од главно лични и мислени гестови до еден екстравагантен јавен перформанс.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Може слободно да се рече дека сѐ што овде историјата, во своите чести брутални бранови, заматуваше во водите и душите на луѓето, во победите и падовите на империите, во налетот и манипулациите на идеологиите и неизвесноста на конверзиите, Езерото со својата магично обновлива чистота разбиструваше, ја осветлуваше надежта и во најмрачните времиња...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Си се врати веднаш во зоната на својата тишина, и продолжи одмерено, небаре ги диктира елементите од извештајот што требаше да го поднесе комисијата пред Партијата и пред власта: - Сите овие сиџили, односно кадиски регистри или протоколи, пишувани или препишувани од разни кадии, помеѓу 1607 и 1912 година, колку што може да се забележи од овој бегол увид, пишувани на арапскотурски јазик, најголемиот дел се однесуваат на положбата на селаните, на чифлигарството, на верските конверзии, на матролозите, на дервенџиите, на јаничарите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога читаше делови од Татковата книга, на Мајка најголем впечаток ѝ направија Татковите согледби според кои Албанците, во судирите со империите на Балканот, како и при нивните падови, најчесто го извлекувале „подебелиот крај”, при што лесно доаѓало до религиозните конверзии, милум или силум.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Минатото е ниска од за’рѓани алки
потресни собитија
единствени по своите
димензии, па и тежест
како на пример –
масовни ослепувања
оргии во знак на освета
погроми, пожари, помори
земјотреси, ерупции
покрстувања, исламизација
елинизација
царство на конверзиите
на озаконети незаконитости
родоскверности, чедоморства
завери и трагикомични
сценарија,
сѐ на сѐ
ОВДЕ
историјата е
горопадна
гротеска …
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Конверзија на „предметите наречени желба“.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Незавршената таткова книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите стана силен поттик не само да ги надополнам нејзините незавршени страници, туку да трагам по нејзините отворени, нерешени прашања, посебно во однос на власта, владеењето, конверзиите поврзани со инквизицијата и другите историски процеси, погромите, језуитизмот, реформите и нивното отсуство, како основни извори на бројните судири во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во право си, пријателе Камилски, овдешните конверзии немале инквизициски последици, како претходно во Шпанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)