комбинација ж.

комбинација (ж.)

Кожата на врвот на показалецот стана жешка и отрпната додека го вртеше тркалото како ќе му дојдеше не знаејќи не ли промашил само малку пред тоа со иста комбинација.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Шибај, обиди се! Со негова лута пот течеше полека во неврат и времето, како што течеа од празно во пусто и промашените комбинации.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Местото околу куќата е широко и достатно за секакви комбинации.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Воспоставувајќи хармонија меѓу комбинациите на временскиот и просторниот агол на гледање, а во чија внатрешност е сместен настанот, авторот успева да ги сугерира влезните кодови на пораката...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Секој час двајцата смислуваа нови различии комбинации но секогаш планот одвај успеваше да се одлепи од почетокот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ЈАКОВ: Ги затворила очите. Депресија. Логичен производ на ваква родителска комбинација.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се растрчаа низ теренот и секоја убава комбинација заврши со фрлање во кош и најчесто со погодок.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Умешноста со која татко му ги натрупуваше парите, како и опчинетоста со театарот, каде родителите го водеа од дете, му го зацврстија убедувањето дека патетиката и ладнокрвноста можат да бидат убоита комбинацијата ако се употребат во вистинско време и на вистинско место.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Некои луѓе го земаат амилот во комбинација со Екстази. Тера и на смеење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Црвеното - белото - црното како основна компонента во составот на светот (?): Во културата на Тера Амата (ок. 23.000 год п.н.е.) е забележана истата тријада со потврдена сакралност во таа култура и карактеристична (не само на визуелен план, од аспект на впечатливоста на боите во оваа комбинација) сосем можно, за homo sapiens воопшто, што делумно се потврдува со сликарството на горниот палеолит; освен тоа: некои римски обреди, во кои на боговите од трите видови им се жртвуваат животни со црвена, бела и црна боја на крзното; некои хетитски ритуали за повикување на духови (духовите се појавуваат од црвениот, белиот и синиот пат). куса забелешка: модро - сино - плаво: Словенското „модар“ генетски корелира со литовското madaras со значење на „нешто валкано, нечистотија“. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 105
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дури и очигледната синонимност не пренесува еквивалентност, и Јакобсон покажува како интралингвалното преведување мора да прибегне кон една комбинација од кодни единици за да го интерпретира во целост значењето на една единствена кодна единица.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа содржи комбинации на боја кои се толку чудни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој гулаш од документарни драми, репортажи, филмови, мини-серии, видеоспотови, трагикомедии, играј-и-погоди томболи и семожни нивни комбинации се меша во аисторичен фалсификат - семожен сатараш, што со сласт ќе го јаде само фиктивниот просечен гледач.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Оттука, независно од комбинациите на субјективните и објективните причини, Бојсовите родители не ја исполнија својата прва должност како родители кон своето дете: кај него да создадат чувство на сигурност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Земја во која комбинацијата на црвена кошула, жолти панталони, зебрасти чевли, кравата во „тигрест” фазон и виолетови гаќи со портокалова шрафура, не е знак за евентуален невкус.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Така, најдов во џебот некоја залутана дводенарка (меѓу другото, добиваш три песни за два денара), ја пуштив монетата во џубоксот, и притиснав три сосема случајни комбинации: B-1, C-3 и B-10.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дадената листа не е добра класификација, бидејќи некои од овие „одбрани” се многу едноставни, а други се комбинација од повеќе прости операции.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секоја друга комбинација е чиста манипулација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Момчето беше голем уметник, способен постојано да измислува нови комбинации и специјални климакси, а некои беа „ноти“ од сферата на Непознатото, со паузи, привидни дисонанци, ноти кои ненадејно се пробиваа една со друга и прскаа заедно, со вчудоневидувачки, врел и сладок удар. (...) Аракнид, шоферот на Ендрју Кеиф е единствен домородец во Интерзона кој не е ниту педер ниту бузерант.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По еден облак од секој тип - цирус, кумулус, кумулонимбус и другите - ќе има доволно за сите; исто така, по еден пример од секој вид време - убаво, дождливо, топло, студено, влажно, суво, мирно, ветровито (и нивните разни комбинации - убаво-топло-суво-мирно, убаво-топло-влажно-мирно, итн.) ќе послужи за сите поединечни денови (и ноќи) на тоа време, и покрај тоа што едно магливо благо мирно рано утро е задоволство кое секако може да се разликува од истите услови напладне или приквечер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе