колонада (ж.)
Мозаиците, мермерните столбови и колонади станале жртва на варварските постапки на поробувачите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ја оставам да прави што ќе прави и еве сум на вратата од големата свечена сала на Парламентот чие душеме го украсуваат мозаици, ѕидовите огледала и слики од нашите стари мајстори, а тука се и двете колонади мермерни каријатиди.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Сите споменици во Рим, како колонадите, Колосеумот, се однесуваат на смртта и славата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Проектили врз колонада на воен споменик.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)