колективизација ж.

колективизација (ж.)

Војната, окупацијата, крвниците, исчекувањето на Пролетта - Револуцијата, борбата, колективизацијата, бесмислените селски конференции, напорите на селскиот секретар Тацко Настејчин - цел еден спектар од историско социолошки премиси што го одредуваат животот и промените на нашето село во последниве дваесетина години е вткаен во лирско проѕирното ткиво на Чинговите прозни кажувања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа, кога дознав, тоа беше набрзо по последната Голема војна, во времето на колективизацијата што ја наредија властите од сета Македонија, дека тамошната задруга, Лазарополската, му ги одзела овците на Рафаила и забранила тие да доаѓаат на зимување во Петочна Вода, многу го ожалија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, бегајќи од неа, од колективизацијата, последниот од Акиноските, Јован Акиноски, го однесе некаде со себе и тевтерот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега, по успешната колективизација, може со брзи чекори да се оди кон индустријализацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие мораа да докажат и покажат дека социјализмот мора да успее, по фазата на насилната колективизација, национализацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оваа поврзаност е толку длабока што можеби веќе сега се наоѓаме во првиот стадиум од процесот на социјална колективизација, што со текот на времето во потполност ќе ја надвладее идејата за изолирана индивидуалност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но начинот на којшто денес се задоволуваат индивидуалните интереси не ја промовира колективизацијата на интересите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сите беа прогласувани за виновни во сталинистичка Албанија – и луѓето кои знаеја странски јазици, посебно западни (латентни шпиони) и луѓето кои нешто имале (латентни шпекуланти), и свештениците од трите вери (латентни предавници), и противниците на колективизацијата (саботери).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во годините по Револуцијата таа беше во ситуација да ја заземе оваа командна позиција речиси без отпор, затоа што целиот процес беше претставен како акт на колективизација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога се основаа првите селски работни задруги, колективите, кога државата само сакаше да види со какви проблеми може да се соочи при престојната колективизација на селското стопанство.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Татко го замислувал својот пријател како во првиот повоен пролетерски универзитет можел да предава за универзалноста на индивидуализмот кога тој овде се задушуваше на секој чекор од насилната колективизација на селаните до задушување на индивидуалната иницијатива на приватните занаетчии!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)