коинцидира (св. и несв.)
Компјутерите не се инхерентно бинарни и тие не извршуваат инструкции, програмите не оперираат исклучиво со соодветни формални симболи, а разликата помеѓу интерпретерот и интерпретираниот јазик - помеѓу процесорот и програмата - обично не коинцидира со разликата помеѓу hardњare и softњare. Rychlack прави неколку едноставни грешки во описот на работата на компјутерите.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Модерната коинцидираше со пронаоѓањето на смеата, која што и ден денес се наметнува како највозвишена форма на една навистина среќна и превратничка уметност, изложена на моралните проповеди како на новите конзервативци, така и на догмите на авангардата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Сојузниот секретар, кој ја имаше репутацијата на кариерен дипломат, како некогашен учесник во партизанското движење во дипломатијата всушност дојде од ЈНА, во униформа и тука остана до крајот на својата функција, која коинцидираше и со крајот на Југославија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)