клони (несв.)
Телото сосема му клонеше. Но копнежот по незаборавниот лик на убавата мома, со некаква скриена сила му ги движеше уште нозете. ...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Штом сонцето ќе клонеше кон заод, Трајан кришум низ бавчите и лозјата се провираше до кошарата на другата страна од брегот каде што Царјанка доаѓаше со кошот на рамо за да земе храна за добитокот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На сокак, без двоумење, донесе решение никому да не кажува што му се случило а своите да ги поучи да се клонат од стопаните на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не беше рекол ни збор, ама и не се клонеше од својот куц зет, кој оптрчуваше наоколу како џуџе кај налбатин.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Геј-мажите не треба да клонат од нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)