класифициран (прид.)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Судиите, судиите поротници, вишите судски советници, самостојни судски советници, судски советници, стручни соработници, судски приправници, судските вешти лица, толкувачите, преведувачите и другите лица кои учествуваат во постапката и надвор од неа, должни се да ја чуваат од неовластено откривање класифицираната информација со соодветен степен на тајност утврдена согласно со закон, без оглед како ја дознале.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Обврската за чување на класифицираната информација од неовластено откривање трае согласно со закон (чл. 94, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ќе играме брза географија запишувајќи ги соништата класифицирани во табелите.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)