кланица (ж.)
Како лечиме, велеше, по педесетина години, кога ќе видат, ќе речат кланица, касапи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Манол Форевски и Силјан Лилјаков работат како градежни работници, Ристо Коларов на кланица, а Филип Хаџиевски разнесува храна на магаре.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мирисало на кланици; и навистина најпрвин по скомињава и горчлива реа се почувствувало, потоа можело и да се види дека остра дурија му ја копа утробата на несреќникот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нашите сопствени градови се наши сопствени фарми; семејствата, училиштата и црквите се кланици на нашите деца; колеџите и другите места се кујните.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не нѐ интересира што се случува во фармите, кланиците или кујните.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
дамнешен запис Татко Секој ден Одеше на кланица Татко Секој ден По малку Умираше. пев (поезијата) Го вкусив Тоа горко Јаболко Тоа диво Миризливо Опасно По Живот Горко Јаболко.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И во близината на кланицата на Ренџов се наоѓа тврдина, Кале, каде што стражарот „белоглави орли, мамени од мршите“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Од ударот се откачија уште три столба. Висна покривот на кланицата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Расказот почнува непретенциозно: „Кланицата се наоѓаше недалеку од градот.“ Тоа е класичен почеток.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Голиот песочен простор меѓу Р`би и Пероо беше отворена кланица.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја доѕидував, збор по збор Со ластовиците под стреата, со голиштарците Со ноќните пакувања на куферите Со прераскажаната кланица за јагниња Со високите прозорци за плачење Со промајата, со гостите, со јадењата.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)